За нас

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 

ТЕЛКОМ ММ е компанија со петнаесетгодишно искуство во областа на ИТ технологијата и телекомуникациите која се појавува на домашниот и на странскиот пазар. Од своето основање па сè до денес, ТЕЛКОМ ММ континуирано работи на подобрување и проширување на портфолиото на производите кои ги нуди и секако постојано усовршување на услугата кон своите клиенти. Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. Нашата лојалност кон клиентите, професионализмот и континуитетот во работата се основата на нашиот успех. Целта ни е да ја надоградиме лидерската позиција на компанијата и да го продолжиме одржливиот развој, применувајќи ги најдобрите светски практики и трендови.

МИСИЈА И ВИЗИЈА

Информацијата е моќ! Нашата главна мисија е да го овозможиме протокот на информациите, и тоа за фиксна телефонија, VoIP телефонија, компјутерски мрежи, видео надзор, домофонија, видеофонија, контрола на пристап и евиденција на работно време.

Нудиме целосно проектирање, изведба, монтажа, и сервис во секој домен на модерната технологија. Потребите на клиентите и нивното задоволство се секогаш наш прв приоритет!

Услуги

Позади себе имаме многу изведени проекти, решенија, имплементации, сервис и изведба на следниве системи:

  • Сервер соби
  • Телефонски централи
  • Бакарна и оптичка мрежа
  • Телекомуникациски системи за големи и мали корисници
  • Алармни системи
  • Против пожарни системи
  • Видео надзор
  • Контрола на пристап
  • Сервисирање на компјутери
  • Фотокопири и печатари

Нашата цел

Нашиот тим стреми кон професионалност, целосно разбирање на нај новата технологија, и потребите за успех на модерните претпријатиа.

Нашиот тим се состои од млади, квалификувани и обучени кадри кои секогаш се спремни да одговорат на било какви проблеми и предизвици.
Добро мотивирани и секогаш расположени за работа.

За нашата услуга и квалитет не зборуваме ние, туку нашите корисници.